Сигурна многумина од вас ја памтат легендарната сцена во која филмската дива Анита Екберг влегува во долга црна тоалета во Fontana di Trevi, на која и се придружува Марчело Мастројани кој ја игра улогата на новинарот.
Таа сцена влезе во историјата како една од оние кои го одбележаа филмот и слободата на 1960 – тите години на минатиот век. Благодарение на одличната изведба, прекрасната раскошна Швеѓанка, Анита Екберг, често е именувана како „The Iceberg“ и со тоа име го потврди своето место во филмската индустрија.
Анита Екберг е родена во Малме на 29 – ти септември 1932 година, а ја доби титулата Мис Шведска во 1951 година, за веднаш потоа да отпатува во Америка кaде беше дел од светскиот натпревар за Мис Универзум. Титулата Мис Универзум се чинеше преголем залак во тоа време, ако се земе во предвид и скромното познавање на англискиот јазик. Сепак, Екберг не помина незабележано, напротив на прв поглед го плени легендарниот Џон Вејн кој и ја понуди првата улога во филм. Така започна магичното патување на оваа дива.
Почетоците на Екберг, како што и сама вели во едно од многуте интервјуа и не биле нешто со кое може да се пофали и нешто кое и оставиле убав спомен. Пресвртниот момент во животот на актерката се случува во 1960 – тите години. Легендата вели дека маестралниот Федерико Фелини видел слика од Екберг во едно списание и во истиот момент бил затекнат и вчудоневиден од нејзината убавина. Веднаш потоа побарал од своите продуценти да му ја донесат на сет за филмот „La dolсe vita“(Сладок Живот). Остатокот од приказната веќе на сите им е добро познат. Култната сцена „уловена“ на Fontana di Trevi во Рим, во која стои Анита Екберг, со влажна коса, црна тоалета, бел шал и добива сензуална покана од Марчело Мастројани прерасна во симбол на една филмска ера која секогаш ќе има посебно поглавје не само во филмската култура и историја на Италија, туку и во целиот свет.
Екберг е позната по своите раскошни облини, длабокиот поглед, прекрасната насмевка, раскошната коса и богатиот друштвен живот, за што многупати е поврзувана со славни холивудски имиња како Франк Синатра, Ерол Флин, Гери Купер и други кои ја одбележаа нејзината кариера во светските таблоиди на 1950 – тите и 1960 – тите години на минатиот век. Боб Дилан токму неа и ја посвети песната „I shall be free“, а Федерико Фелини ја ангажираше во дури три свои филма, за што Екберг многупати има кажано: „Јас сум таа што направи Фелини славен, а не обратно“. Вистина или не, факт е дека Фелини на филмското платно го наслика и ѝ го понуди иконскиот портрет кој и ден денес е симбол и пример за убавина, женственост, елеганција и сексапил.
Втората половна од животот, Екберг се преселува да живее во Италија, бидејќи била незадоволна од можностите што и ги нуди Америка. Се вкупно се појавува педесетина филмови и се посветува на италијански и европски продукции.
Ова кратко патување низ животот на Екберг го завршуваме со последната изјава која му ја дава на еден од новинарите кој и бил во посета во болницата во Рим:
„Знаеш дека се чувствувам по малку осамено? Да, малку, да. Но, не се каам за ништо што сум направила во животот. Сакав, плачев, бев лудо среќна. Извојував многу победи, но почувствував и многу порази. Немам маж, немам деца...Калуѓерката која што, штотуку излезе ми стана навистина блиска пријателка...