Како актерка веќе го потврди своето место во филмската индустрија. Но, ништо помалку не остана забележана по стилот што го негува.
На црвениот килим секогаш е меѓу највпечатливите и најдобро облечените. Најчесто соработувала со Версаче и Шанел, а сме имале можност да ја видиме и во креации на Зак Посен, Ланвин, Ралф Лорен... Висината, долгите нозе, складното тело и облините ја прават совршена за различни кроеви и модни експерименти.
Иако на црвениот килим или модните забави сме навикнале да ја гледаме најчесто во гламурозни фустани, Ума знае да облече и одело, или да направи интересна комбинација со панталони и јакна, палто... Всушност, нејзиниот стил приватно не се разликува премногу од она како ја гледаме во јавноста. Но, тука не мислиме на гламурозните фустани, туку на елегантниот и дамски став, и начинот на кој ја носи облеката.
Што се однесува до фризурата и шминката, никогаш немала преголеми трансформации. Ја видовме како бринета во „Евтини Приказни“, а поради филмска улога ја бојадиса косата во црвено. Сепак, препознатлива е по русата коса и сините очи.
Ума 2013/14
Во 1990-тите освен како актерка, можевме да ја видиме и како модел. Беше дел од бројни модни кампањи, нејзината поврзаност со модниот свет трае и до денес, а еден од нејзините последни ангажмани е календарот за Кампари за оваа година.
Во продолжение погледнете во какви изданија се појавуваше Ума Турман низ годините: