Етаблираниот моден магазин Харперс Базар, по многу нешта бил пионер во модната индустрија.
Прв моден магазин во Америка, еден од првите што ги објавил делата на Енди Ворхол, магазин во кој за прв пат биле објавени колекциите на многу ценети модни куќи...
По тој повод завчера во Musée des Arts Décoratifs во Париз, беше отворена изложбата „ First in Fashion", со која се прославува импозантната 152 годишна историја на магазинот и неговиот голем импакт не само во модниот свет, туку и генерално, преку хорнолошка ретроспектва низ неговите странци низ декадите.
По тој повод, гости на отворањето на изложбата беа голем број познати личности од модната елита: Деми Мур, Џиџи и Бела Хадид, Гвинет Полтору, Оливие Рустенг, Кристијан Лубутан и уште многу други звучни и влијателни имиња во модниот свет.
Заедно со себе тие го донесоа сиот свој гламур на забавата.
Погледнете како изгледа гламур во вистинска форма.