Валентино си го мрази дизајнот од 80-тите

20 ноември 2014

Валентино Гаравани не бил расположен за откривање на интимните работи, но сепак бил искрен во одговорите. Најинтересен момент во интервјуто, е  кога дизајнерот признава  дека секогаш е самоуверен во креирањето на нови парчиња и во организацијата на модните ревии, но дека постоел и период од животот, кој воопшто не се вклопувал со неговата дизајнерsка визија.

„Ги мразев фустаните во 80-тите години. Воопшто не се вклопуваа со пропорциите на моделите, особено во делот на волуменозните рамена. Моделите изгледаа вулгарно. Модните ревии не беа добри, никогаш не ми се допаѓаа!“

Иако дизајнерот има изградено култен статус во модната индустрија, сепак своето знаење не се штеди за да го пренесе на помладите генерации. Валентино смета дека темпото и начинот на кој денес работат дизајнерите е апсолутно поразличен од претходно. Не сакал да издвои име на некој од дизајнерите чија работа ја следи, со цел да не ги направи останатите љубоморни, само истакнува  дека сите се добри на свој начин.

Овој став пошироко го објаснува во книгата „Valentino: At the Emperor's Table“, алудирајќи на брзиот и стресен начин на живеење. Во дел од содржините говори и за сцената во филмот „Ѓаволот носи Прада“, заедно со Мерил Стрип и Ен Хетавеј, со цел да истакне дека глумењето за него не бил проблем, бидејќи барем осум пати годишно присутните на своите ревии ги прашува за впечатоците од новите парчиња.

Сепак, покрај искрените одговори на прашањата поставени од Ферн Милис, Валентино направил мала пауза по поставувањето на прашањето за тоа дали Ана Винтур се налутила што тој учествувал во филмот, а на крајот кратко одговорил – „Не, мислам дека воопшто не се налути“.

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Сцена