Една од најпопуларните поп ѕвезди во светот, Ријана ја има таа чест и задоволство веќе неколку месеци да ужива во архитектонското дело кое неколку пати по ред е наградувано поради својот маркантен изглед. Ова оригинално издание го има изработено мајсторот на својот занает и омилен архитект на голем број ѕвезди Дејвид Лоренс Греј.
Импресивната вила го носи името „Тврдина“, а претходно служела како изложбен простор на дела од современата уметност. Откако беше објавено на луксузните онлајн страни дека оваа палата се изнајмува, Ријана едноставно не можеше да и одолее и посака веднаш да се всели во новиот рај. Вилата се наоѓа во Беверли Хилс и навистина плени со својот изглед.
Прво што ќе приметите кај ова модернистичко издание се бетонски ѕидини кои не се дообработени и се во комбинација со челик и стакло за да се постигне модернистички изглед на куќата.
Вилата има пет спални соби во главниот дел од куќата и уште две спални соби во гостинскиот дел од куќата, има вкупно девет бањи, приватно кино, соба за вежбање, пространа кујна која ја има дизајнирано креативниот тим на Порше и секако преубав базен со поглед кон градот. Концептот на осветлувањето е навистина импресивен.
Кога ќе се спушти ноќта влезот на вилата наликува на ноќен забавен клуб, па затоа и светските медиуми одамна ја нарекоа вила за забави. Понекогаш навистина е убаво да се биде ѕвезда.