Жизел Бундшен
Њујорк изминатата ноќ беше домаќин на презентацијата на мини - филмот посветен на иконскиот парфем Шанел №5. Режисер е Баз Лурман, а главната улога и е доделена на најскапо платената манекенка Жизел Бундшен.
Карл Лагерфелд и Баз Лурман
Фактот дека сексапилната Бразилка Жизел ја игра главната улога во мини - филмот снимен за култниот парфем Шанел №5, бил познат уште во мај. Изминатата недела, моделот првите фотографии од најновата рекламна кампања ги објави на социјалната мрежа Инстаграм. Во чест на големиот настан, но и одличните резултати од досега сработеното се одржа свечена вечера на која присуствуваа голем број познати ѕвезди.
Ана Винтур
Во еден од елитните ресторани на Менхетен, Карл Лагерфелд заедно со режисерот Баз Лурман и главната ѕвезда Жизел Бундшен, уживаа во прекрасната атмосфера и дружбата со пријателите. Гостите покрај тоа што ја погледнаа кратката видео презентација на мини – филмот, имаа можност да ги слушаат и нотите на младиот музичар Ло Фанг, кој дојде на покана од Карл Лагерфелд. Во продолжение погледнете кој се присуствуваше на гламурозната вечера.