Вера Ванг денес полни 74 години

27 јуни 2023

Една од најпознатите дизајнерки на венчаници во светот, Вера Ванг, денес полни 74 години. Таа е една од ретките за кои времето како да запрело.

Иако е длабоко навлезена во осмата деценија од животот, Вера постојано изненадува со својот младешки лик, дух и стил.

Нејзините родители се преселиле од Кина во САД, во 1940 година. Мајка ѝ била преведувач за Обединетите Нации, додека татко и поседувал аптека.

На осум годишна возраст Вера започнува да тренира уметничко лизгање. Заедно со својот партнер учествува на неколку натпревари, но сепак не успева да обезбеди учество на Олимписките игри како претставник на САД.

Тука се откажува од овој грациозен спорт, и започнува кариера во модната индустрија. За кратко време станува и најмладиот уредник на Вог.

На оваа позиција ќе остане 17 години сè до 1987 кога се почнува да работи за Ралф Лорен.
Две години подоцна ја напушта оваа модна куќа и станува дизајнер на венчаници на свои 40 години.

Останатото е историја. Нејзините креации и денес се едни од најпосакуваните, а листата на познати ликови кои носеле венчаници на Вера е прилично голем.

Аријана Гранде, Иванка Трамп, Алиша Кис, Мараја Кери, Викторија Бекам, Ким и Клои Кардашијан се само неколку што облекле невестински фустан од Ванг.

Покрај венчаници, таа дизајнира и вечерни фустани за свечени прилики, а неретко тие се избор на многу дами кога треба да се оди по црвениот тепих.

Вера е автор и на книга, има добиено неколку награди, поседува бутици за облека, модни додатоци како и производи за декор во домот.

Таа е денес глобално познато име и има свои бутици во Њујорк, Лондон, Токио и Сиднеј. Венг поседува и своја линија на парфеми, накит, чевли, очила...

Од 1989 до 2012 Вера беше во брак со инвеститорот Артур П. Бекер. Двојката има две посвоени ќерки.

Фустаните на Вера продефилираа и на филмското платно, прекрасните венчаници во Sex and the Сity, Gossip girl, Bride Wars ќе останат засекогаш запаметени.

Во чест на нејзиниот роденден издвојуваме неколку фотографии од големата дизајнерка.

Фото:Pinterest, Instagram

Објавено:
27 јуни 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
440 пати