(Видео) Излезе првиот трејлер за животот на актерката Селма Блер со мултипла склероза
•
14 август 2021
Селма Блер одлучи нејзиното животно патување да го сподели со јавноста. Отворено зборуваше за мултипла склероза, а потоа одлучи тоа да го преточи во документарен филм „Introducing Selma Blair".
Неодамна излезе и првиот трејлер.
Селма го раскажува животот по добивањето на дијагнозата.
„Ги снимаме последните денови од мојот живот", вели Блер на почетокот од трејлерот и додава:
„Ми рекоа да се подготвам за умирање. Не затоа што имам мултипла склероза, туку затоа што се борам со МС".
Се очекува филмот во кината да биде од октомври, а во продолжение погледнете ја најавата, веруваме нема да ве остави рамнодушни.