(Видео) Како Џејсон Момоа ја изненади сопругата со тотално неочекуван подарок

6 август 2020

Џејсон Момоа и Лиса Бонет се заедно веќе 15 години, но изненадувањето што актерот неодамна ѝ го приреди веројатно ќе го памети долго.

Имено, Момоа реши да ѝ го “врати“ првиот автомобил на Лиса што воопшто некогаш го имала. Се работи за модел на „Мустанг“ кој познатиот актер со вистинските луѓе успеа да го редизајнира, односно комплетно реновира.

Сето тоа го сподели на социјалните мрежи во видео и така јавно ја покажа и својата романтична страна.

„Знам дека не можеме повторно да го оживееме споменот, но можеме да го обновиме. Ќе биде супер на сувозачкото место и уште повеќе да се изненади Лиса и нашите деца кои ќе се возат во нејзиниот прв автомобил. Едвај чекам да го видам нејзиното лице“, вели Момоа.

Изненадувањето на актерот успеа, а на видеото се гледа дека Лиса е сосема воодушевена.

За потсетување, Лиса претходно беше во брак со Лени Кравиц, со кого ја имаат ќерката Зои, а доказ дека останале во пријателски односи е и роденденската честитка која музичарот неодамна му ја упати на Момоа, кој во неделата го прослави 41 роденден.

 “Среќен роденден. Едно семејство. Една љубов“, напиша Кравиц.

Објавено:
6 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
830 пати
Тагови: 
Момоа