Водечката метропола на европската култура, градот со неверојатно импресивна архитектура, и неповторлив микс на стилови, градот во чија срж секојдневно пулсираат нотите и либретата на Штраус и Шуберт и секако градот кој што е домаќин на најелитните балови, Виена во саботата на 31 мај беше домаќин на 22 вториот по ред „The Life Ball“, што традиционално се одржува секоја година во градската палата.
Ексклузивниот бал претставува еден од најголемите добротворни настани во Европа, организиран од страна на Гери Кеслер со цел да се соберат средства за борба против најстрашната болест на денешницата СИДАТА. Инспирацијата за годинешната тема носеше наслов „Градината на земните задоволства“, па водени од својот сензибилеитет и емоции, гостите на црвениот килим пленеа со гламурозност, раскош, екстравагантност и елеганција. Блескавата ноќ беше поделена во два дела. Првиот се одвива на црвениот килим со пристигнувањето на еминентните гости и машка модна ревија под покровителство на главната модна уредничка на италијанското списание Vogue, Франка Соѕани, а додека вториот дел е целосно посветен на свечената гала вечер која што се заокружува со вистински ѕвездена забава внатре во градската палата.
Гери Кеслер и Бил Клинтон
Презентацијата за организацијата на настанот како и секоја година ја води Бил Клинтон, а присутните гости имаа можност оваа година да уживаат во прекрасната сценографија, надополнета со неверојатни светлечки елементи.
Дејвид Лашапел
Главната тема на вечерта „Земскиот рај“ е комплетна идеја реализирана од страна на Дејвид Лашапел, кој го изработи и постерот за годинешниот бал. Пораката која што сакал да ја испрати американскиот фотограф се однесува на сите луѓе во светот кој што не треба да имаат никакви предрасуди едни кон други во поглед на бојата на кожата, сексуалната определеност или верската припадност, тие едноставно треба да бидат сплотени сите заедно во една целина и да ја слават убавината на душата. Американскиот фотограф беше дел и од тимот што го презентираше и новиот модел на Ауди S, кој пленеше со посебен дизајн креиран специјално за настанот.
Шон Рос
Околу стотина гости учествуваа и во Стилскиот натпревар организиран од Wolford во чии рамки беа презентирани неколку раскошни тоалети инспирирани од осумнаесеттиот век. Првиот дел од манифестацијата беше заокружен со модниот перформанс на машки комбинации, организиран под покровителство на Франка Соѕани моден уредник во италијански Vogue, која неодамна беше прогласена и за амбасадор на добра волја на Обединетите Нации. За прв пат оваа година во историјата на балот се одржа машка модна ревија за да се нагласи машката сензуалност и шарм. На модната писта продефилираа комплети на смокинг варијанти потпишани од седум светски дизајнерски имиња: Живанши на Рикардо Тиши, Виктор и Ролф, Ланван, Жан Пол Готје, Вивиен Вествуд, Етро и Dsquared2, носени од страна на супер модели како Роб Еванс, Шон Рос и Вернер Шрејер.
Кончита Вурст и Жан Пол Готје
Вечерта кулминираше со настапот на победникот на годинешниот евровизиски натпревар Кончита Вурст, која ја имаше честа да го затвори шоуто со изведба на победничката песна „Rise like a Phoenix“. Таа на црвениот килим пристигна заедно со Жан Пол Готје. Помеѓу гостите можевме да ги забележиме и Рики Мартин, Кеша, Леона Луис, актерката Марша Крос, Били Зајн и многу други. Во продолжение погледнете ја галеријата и уживајте!