Модната дизајнерка (48) и поранешна членка на женската поп-група Spice Girls, Викторија Бекам, неделава беше забележана во Њујорк како носи две верзии од ист модел на фустан со што јасно покажа колку всушност ѝ се допаѓа.
Камерите ја уловија како излегува од хотелот „Mark" облечена во долг лелеав сатенски фустан во боја на слонова коска. Елегантниот фустан без ракави и со висок шлиц имаше деколте во форма V, тесна половина и асиметрични рабови.
Викторија го комплетираше изгледот со салонки во беж боја и црвени врвови, очила за сонце, како и кожна чанта во борно нијанса од нејзината линија чанти.
Само ден претходно, Викторија Бекам беше забележана во ист модел на тоалета, но во друга боја - прекрасна зелена нијанса. На овој начин таа даде до знаење дека е безмалку вљубена во овој фустан, кој совршено прилега на нејзината фигура.