Запознајте ја најмалата муза на Лагерфелд

16 мај 2014

Ретко кој има можност да ужива во друштво на Карл Лагерфелд и слобода да го нарекува „чичко“.  Таквата привилегија ја поседува најмладиот машки модел кој седум пати досега има настапувано на модните ревии на Шанел.

Овој пат на модното шоу во Дубаи, Хадсон прошета на модната писта носејќи бела креација од кафтан со впечатлив ѓердан. Моментално тој е најмладиот машки модел кој уште од пет годишна возраст гради успешна модна приказна, а што ќе биде кога ќе порасне, останува да видиме.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Сцена