Жан Пол Готје, дизајнерот кој пред недела дена го прослави својот 62 роденден смета дека не постои совршена жена, но затоа истакнал што според него е идеал за женска убавина и начинот на кој тој го перцепира овој термин.
„Тоа што некои луѓе го сметаат за несовршено, мене ми изгледа шармантно и интересно. Според мене не постои совршена жена. Тоа воопшто не е мое подрачје на интерес. За мене личностите со необичен изглед на носот, интересна фризура или пак тотално различен спој на детали се многу поинтересни. Убавината ја барам таму каде што другите луѓе не ја бараат“ – истакнал Готје во интервјуто.
Меѓу другото, во интервјуто дизајнерот збори за големата ретроспективна изложба „The Fashion World of Jean Paul Gaultier: From the Sidewalk to the Catwalk“ во Лондон која ќе трае до 25 август.