Најплатената манекенка на светот, Жизел Бундшен, беше гостинка во утринската емисија на CBS каде искрено говореше за тешките и одлучувачки моменти во нејзината кариера, но и за моментите кога размислувала да го остави Том Брејди откако тој и соопштил дека неговата поранешна девојка е бремена.
„Тоа беше навистина голем предизвик за мене, бидејќи само што се запознавме, почнавме да се забавуваме и се случи...Навистина не знаев што да правам, тоа беше еден од оние моменти кога мораш да одлучиш дали да останеш или да си одиш...Мислам дека денеска, осум години подоцна, не можев да имам подобар (бонус) син“, вели Жизел за синот на нејзиниот сопруг.
Во интервјуто таа говори и за нејзината одлука да потпише договор вреден 25 милиони долари со Викторија Сикрет и по цена на тоа да се откаже од другите ангажмани во модниот свет, бидејќи во тоа време, никој не и понудил толкава сума на пари. Жизел ќе каже и дека луѓето во модниот свет не ја сакале заради нејзиниот добар изглед, туку заради нејзиниот карактер и силна и храбра личност!
Водителот Чарли Роуз ја праша прекрасната Жизел и за аферата Deflategate на нејзиниот сопруг, за што ќе каже дека и е мило што успеале да останат заедно и во тие тешки времиња.
„Мислам дека неколкупати сме успеале да излеземе уште подобри од тие тешки времиња. Тогаш, дознаваш кој си, кои се твоите пријатели, кој вистински те сака“, вели Жизел.
Овие денови, се случува и промоцијата на нејзината нова книга во која раскажува многу случки од животот, а уште пред да биде пренесена во книжарниците, биле продадени повеќе од 1.000 копии.