Во 1994 – тата година, Жизел Бундшен беше непозната тинејџерка која се обидуваше да се пробие во модната индустрија. По цели 20 години, истата девојка стана најплатениот модел во светот и број еден супермодел без конкуренција!
Со оглед на нејзиниот фасцинантен изглед, многу е тешко таа да се нарече ветеран во нејзината професија, што реално е.
Нејзиниот 20 – годишен јубилеј таа го прослави со секси фотосесија за бразилскиот магазин Istoe Gente, целосно облечена во домашен дизајн со потпис на Colcci. Таа ја краси јануарската насловна за 2015 на магазинот, во совршен цветен фустан до колената.
Последна во низата светски соработки на прекрасната манекенка беше онаа со брендот Шанел за кој таа сними рекламна кампања во Париз, но и одличен кус филм како ново заштитно лице на Chanel No.5.
Како и претходните години, така и изминатата, 2014 – та, Жизел беше една од најангажираните модели во светот со заработка од повеќе од 47 милиони долари.
Таа беше шест години дел од тимот на Викторија Сикрет, а досега и глумеше и пееше за кампањата на шведскиот бренд H & M.
Манекенката пет години беше во врска со актерот Леонардо ди Каприо, а од 2006 година е со Том Брејди, со кого има и две деца.
За време на својата брилијантна кариера има направено над 600 насловни страни, а во слободно време обожава да игра одбојка и да сурфа.