„Знаев и тогаш...“ - Како Барак Обама ѝ честиташе роденден на Мишел

18 јануари 2019

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама вчера го прослави 55. роденден, а сопругот Барак ѝ упрати романтична честитка преку Инстаграм профилот.

„Тоа гго знаев и тогаш и денес сум асполутно уверен во истото - ти си единствена. Среќен ти роденден“, напиша Барак под нивна заедничка фотографија од младоста. 

Сепак, ова не е првпат тие јавно да си упатат зборови и нежности. 

Така, во октомври тие прославија 26 години брак.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barack Obama (@barackobama) onJan 17, 2019 at 7:02am PST

 „Среќна годишнина Мишел. Сите 26 години ти беше неверојатен партнер, некој кој секогаш може да ме насмее и омилената личност со која сакам да го видам светот“, напиша тогаш поранешниот претседател, на што Мишел возврати:

„Ти благодарам Барак за 26+ години со љубов, доверба и почит - што си маж кој секогаш ме поттикнува и нè почитува мене и нашите прекрасни девојки. Секој ден што сум со тебе ми е потсетување на тоа дека си вистинско богатство за сите нас“.

За потсетување, двојката се запознава во 1989 година, а три години подоцна ја официјализира својата врска. Тие се една од омилените двојки во САД, а од љубовта ги имаат и ќерките Малија и Саша.

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.244 пати