Џулијан Мур отсекогаш привлекувала внимание поради нејзината посебност, различност. Црвенокоса нетипична убавица, ако судиме според холивудските критериуми, со пегички и огромен талент кој ја донесе до врвот.
Воедно, таа е жена со став, сопруга и мајка, улоги за кои вели дека отсекогаш ги посакувала надвор од филмското платно.
Чекори во седмата деценија во животот, иако во неколку наврати ќе рече дека ја нервира дефинираноста на жената според годините што ги има.
Кога е стилот во прашање, таа е од оние што непогрешливо си го знаат телото и како на вистински начин да ја истакнат својата убавина. Бохо стил, кој често вклучува сјај, впечатливи бои, кои совршено контрираат на нејзината црвена коса се само дел од естетиката која ја практикува.
Сака да старее достоинствено, па на социјалните мрежи често објавува фотографии и видеа без шминка. Од оние актерки е што повеќе се обожувани од жените отколку мажите. Индивидуалноста и умот се нејзината најсилна одлика ќе рече.
Во продолжение издвоивме 13 цитати во кои ќе се препознае речиси секоја жена, проследени со уште толку фотографии кои одат во прилог на нејзиниот стил:
-Ако имате 50 години, никогаш повеќе нема да ги имате, затоа уживајте што сте на таа возраст. Ако годината ви поминуваат во желбата да бидете помлади, и пред да станете свесни, веќе ќе имате 51.
-Да сакаш некого е да му дадеш моќ да ти го скрши срцето, но да му веруваш дека нема да го направи тоа.
-Животот е полн со компромиси, на вас е дали имате желба да преговарате или не.
-Кога ќе наполниш 50 години, доаѓаш до моментот кога повеќе од животот поминал отколку што ти претстои и се наоѓаш на едно поинакво место. Си мислиш: „Ги направив повеќето работи“. Не ми се допаѓа тоа чувство. Но, тоа те тера да напредуваш во животот и да се движиш напред.
-Кога син ми за првпат почна да користи подземна железница, сопругот и јас го следевме за да се увериме дека ќе биде добро, а потоа моравме да престанеме да го правиме тоа и да го пуштиме да го прави тоа сам и да се справува.
-Во минатото, единствено важно било тоа како изгледаат жените и со кого ќе се омажат. Денеска е поинаку, не мора да се држиме до тие традиционални вредности. Не е важно колку години има жената, затоа толку многу сакам да го изоставам тоа прашање од сите мои интервјуа. Тоа е здодевно прашање, многу сексистичко.
-Бев книжен црв, многу слаба со големи очила со диоптер. Никогаш не одев на состаноци и мажите се плашеа од мене затоа што бев паметна. Затоа, очилата ги сменив со леќи, почнав да се дотерувам поубаво и се трудев да не зборам за Платон со момчињата. Функционираше.
-Кризата на средни години не е ништо туку посочувања на тоа на кде се движиш и што си направил. Го правам ли тоа што го сакам", „Го минувам ли времето на начинот на кој што сакам?“, „Го живеам ли животот како што сакам“. Ако не стасате до таа точка преку развој, тогаш нешто не правите како што треба. Луѓето кои стасуваат до таа возраст и не ги процениле работите, значи дека не се соочиле со фактот дека се наоѓаат таму каде што се наоѓаат.
-Кога ќе станеш родител, тогаш конечно вистински ги цениш и разбираш работите што твојата мајка ги правела.
-Сметам дека за да бидеш храбар, мора да чувствуваш страв. Храброста можеш да ја постигнеш само ако ги правиш работите од кои се плашиш.
-Уште како многу помлада знаев дека посакувам деца. Не бев од оние жени што велат: „Па, ако се случи, нека се случи“. Нависитна сакав семејство. Иако првото дете го добив дури на 37 години, отсекогаш знаев дека еден ден ќе го реализирам тоа.
-Цели 23 години сум со истиот човек. Тоа е навистина неверојатно. Си се допаѓаме. Инвестираме еден во друг, ние сме семејство. Не постои друг човек на планетава што е толку заинтересиран за твоите деца како што е тоа нивниот татко.
-Ајде да не зборуваме за староста од перспектива: О, не! Полнам 40 години!... Затоа што можело да се случи и да не полните 40 години, туку веќе да ве нема. Затоа уживајте во доаѓањето на годините. Тоа што ќе доживеете одредена возраст е привилегија и благослов. Сметам дека стареењето е привилегија која за жал ја нема секој. Тоа не го сфаќав кога бев помлада, но сега сум среќна со тоа што сум и не би сакала да останев замрзната во некој момент во минатото. Искрено, сега сум многу позадоволна од себе отколку во моите дваесетти