Блескаво издание на Софија Лорен во Лос Анџелес
•
27 септември 2021
Легендарната актерка Софија Лорен беше една од гостинските на отворањето на музејот на Академијата за филмски уметности и науки во Лос Анџелес.
Таа на настанот пристигна во друштво на синот Едоардо Понти, неговата сопруга Саша, ќерката Лусија и пријателката Роберта Армани.
Облечена во светкава креација во златни нијанси, со се' уште препознатливата раскошна фризура, Софија Лорен беше ѕвезда на вечерта.
Инаку, 87-годишната актерка доби и специјално признание за нејзината долгогодишна кариера и влијание.
Погледнете како изгледаше: