Често од социјалните мрежи посегнуваме по инспирација за секојдневни стајлинзи. Во таа потрага, наидовме на интересен профил наречен како „Блог за над 40“ (Blog4over40).
Зад профилот, или блогот, стои германката Ула и е одличен пример за тоа како една жена во 40-тите може да изгледа модерно и софистицирано, а притоа да има реални пропорции, индивидуалност и без стремеж да се вклопи во инстаграм калапот.
Преферира панталони и џинс, па повеќето од комбинациите ги содржат токму овие парчиња, а во спој со топли и тренди џемпери.
Палетата бои се движи од кафени до неутрални беж, како и неизбежните нијанси на црна и бела.
Визуелно се издолжува носејќи миди должина и обувки со потпетица, но удобноста сепак е приоритет, а тоа се гледа и од стајлинзите кои ги објавува, како и тоа дека патиките имаат почесно место во нејзиниот гардеробер.
Словити, но сепак мошне јасни и едноставни за комбинирање, сигурни сме дека нејзините предлози ќе ви го привлечат вниманието, а ние ви претставуваме некои од нив во продолжение: