Божицата на Сен Тропе денеска слави роденден

Брижит Бардо: Луѓето длабоко ме повредија, мирот го најдов во природата и животните

28 септември 2020

Уште од раните 60-ти години на минатиот век  Сен Тропе ќе разбуди огромен интерес во светскиот џет сет од Одри Хепберн па сè до Марија Калас. Брижит Бардо уште во средината на 50-тите години од дваесеттиот век ќе ја купи својата куќа во ова мало место и ќе го нарече „La Madrague".

Таа ова нејзино, условно тајно скривалиште ќе го претвори во престој на секогаш љубопитните папараци. И покрај нејзината позната дискретност што за волја на вистината било полесно да се оддржи во 50-тите и 60-тите години, таа била постојано фотографирана како шета по уличките на Сен Тропе

Во 1960-те години Жан Проспер Геј Пара, милијардер од Либан го отвара „Hotel Byblos" како и исклучително скапата палата „Палата за 1001 ноќ" посветена само на Брижит Бардо, во срцето на Сен Тропе.

Тој бег од јавноста уште е нејзино секојдневие. Симбол на едно време, на сексапилот, на женската слобода, модна инспирација, муза - сето тоа, а и многу повеќе беше Бардо, само секој го гледаше кај неа она што сака да го види.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brigitte Bardot BB (@brigittebardotbb) onJul 14, 2019 at 9:13am PDT

„Поголемиот дел од одличните актерки од моето време имаа трагичен крај. Кога ѝ кажав збогум на оваа работа, животот под будно око и сјај, воодушевувањето и фотографирањето, желбата да бидам посакувана, тогаш всушност си го спасив својот живот“, изјави актерката во интервју за „Гардијан“ минатата година.

Сепак, и денес, на овие години, вели не може да излезе без да привлече внимание.

„Луѓето ми приоѓаат . Сакаат да ја гледаат Брижит Бардо како јаде, како ја држи вилушката... Ќе побараат уште некоја фотографија. Никогаш никого не сум одбила. Но, сè уште не можам да поднесам да ме гледаат, набљудуваат. Некои дури сакаат и да ме прегрнат или допрат“, вели Бардо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brigitte Bardot BB (@brigittebardotbb) onJan 7, 2018 at 10:01pm PST

Бардо беше и симбол за женска убавина, но не ѝ во нејзините очи.

„Никогаш не се чувствував убава. Како дете си велев дека сум грда. Всушност, луѓето имаа една слика за мене, но јас бев сосема поинаква. Бев срамежлива. Огромниот страв...што ме исполнува кога сум лице в лице со повеќето луѓе ... ме натера да страдам страшно за време на мојот живот како актерка. Во блескавите години на мојата кариера речиси и да нема снимање кое не го започнував со херпес. Луѓето ме повредија. Длабоко. Мирот го најдов во природата и животните“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brigitte Bardot BB (@brigittebardotbb) onSep 24, 2019 at 5:16pm PDT

 

Својата заложба, активизам за животните и човековата бруталност и на тоа поле се сè уште нејзин главен фокус и двигател и во деветата деценија од животот, заложби по кои ќе биде запаметена, се надева макар еднакво, ако не и повеќе, отколку по тоа колку била убава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brigitte Bardot BB (@brigittebardotbb) onMar 7, 2016 at 11:16am PST

Но, свесна или не, факт е дека таа сè уште претставува модна инспирација и се' уште се смета за една од најубавите жени во светот, а фотографиите во продолжение само го потврдуваат тоа. 

 

извор: @brigittebardotbb;

Објавено:
28 септември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
10.794 пати
Тагови: 
Брижит Бардо