Дајан Кругер во фантастична безвременска комбинација од „Сен Лоран“

11 април 2022

Актерката Дајан Кругер неодамна беше гостинка во шоуто на Џими Кимел. Поводот беше ппретставувањето на првата сезона на нејзиното тв-шоу „Swimming With Sharks“.

Но, она за што зборуваат модните магазини е нејзиниот стајлинг.

Таа се појави во одлична модна комбинација со парчиња од „Ив Сен Лоран“. Црни класични панталони, во комбинација со темен корсет и кратко карирано палто - безвременска, а модерна естетика.

За комплетниот ефект придонесуваат и нејзината фризура во стилот на „Стар Холивуд“ и накитот, а секако и црвениот кармин како неизбежен моден детаљ.

Инаку, 45-годишната актерка за својот изглед веќе долги години соработува со стилистката Кејт Велч, која и овој пат се погрижи таа да изгледа беспрекорно.

 

Како ви се допаѓа вам?

 

Објавено:
11 април 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
511 пати