Дамите 40+ ја поздравуваат идејата за кастингот: Браво за иницијативата на Елена Лука!

10 мај 2019

Речиси една недела по првиот голем кастинг во нашата земја што ги вклучува дамите 40+, а во организација на модниот бренд Елена Лука и Sweet40+, импресиите и позитивните коментари не стивнуваат. Воодушевени, коментираат и дамите кои непосредно присуствуваа на кастингот, но и оние кои не беа во можност директно да земат учество, а веќе се во очекување на следната прилика кога ќе ја имаат таа шанса.

Генералниот впечаток на сите учеснички на кастингот, што се одржа во ателјето на Елена Лука во Скопје, е со силни позитивни емоции, прекрасно искуство што ја потврдува идејата дека секоја жена во секоја доба од животот е прекрасна на свој начин.


Во продолжение ви пренесуваме дел од коментарите на социјалните мрежи и дел од фотографиите од кастингот.

Зорица Серафимова
Можеме многу да постигнеме за да ја покажеме значајноста на убавината во процесот на стареење. Убавиот човек има моќ да владее со годините и да ги покаже со гордост, колку и да се. Во тоа помагаат и вакви настани на кои Елена Лука им дава простор на дамите 40+. Браво за иницијативата!

Силвана Панева
Младите девојки се убави затоа што ги краси младоста. Сепак, ние жените над 40, 50, 60 години за да седнеме пред фотографот е голем предизвик. Ќе се забележи по некоја брчка, вишок килограм итн. Јас се гордеам со себе и со сите останати жени што и покрај нашите „несовршености", застанавме пред објективот. Поздрав.

Васка Костовска
Преубаво беше. Многу ви благодарам. Навистина уживав во целата атмосфера. Никогаш не ни помислував дека ќе можам да доживеам такво искуство, кое секако би сакала да се повтори. Беше вистинско задоволство и уживање да се биде меѓу сите вас.

Пепи Мачевска
Благодарам до Sweet40+ и до тимот за прекрасниот ден, многу убава дружба со позитивни луѓе.

Јасминка Трајковска
Преубав ден, дамите прекрасни, навистина одлична дружба.

г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на Елена Лука и Fashionel

Лилјана Хаџи Пулевска
Идеја за поздравување, преубави впечатоци, а и времето ни беше наклонето, како да го одложи дождот за наредниот ден и ни беше во прилог.

Светлана Добреска Илиевска
Прекрасно чувство, дружба со прекрасни жени, секоја посебна на свој начин со младешки дух...

Виолета Коцева
Јас сум воодушевена од фотографиите. Секоја чест на организаторот и учесничките.

Јасмина Трпковска
Идеја и концепција што нè поврзуват со светските трендови...

Наде Темелкоски
Многу се воодушевив од Вашата организираност. Би сакала да учествувам на следен кастинг. Секоја чест, се надевам на дружење во иднина.

Бисера Петрова
Прекрасно искуство. Сите со своја индивидуалност, на посебен начин убави и уникатни!

Лидија Стефановска
Прекрасно искуство и јас имав можност да се почуствувам како манекенка, без оглед на пропорциите. Ви благодарам од срце.

Валентина Златановска
Кога си во светот на Sweet40+ сè е можно. Револуционерни промени од идеја до реализација. Со бесценети мигови. На импресиите им нема крај...

Билјана Б. Галабова
Благодарам за професионализмот, убавото дружење, новите познанства... Секоја дама, на свој посебен начин зрачи. Сјајот во очите го покажува тоа прекрасно чувство.

Гордана Клинчарова
Благодарам на прекрасните фотографии и уште поубавата дружба. Се видовме со пријателки со кои се немавме долго време видено, а се запознавме и со нови. Секоја чест за идејата и организацијата. Прекрасен тим на чело со Елена Пандева! Ретки се личностите како неа. Поздрав и до скоро вдување!

Ана Инанна
Секогаш сум се воодушевувала на брендот како многу креативен и прогресивен, но она што го затекнав на кастингот, иако ми требаше многу енергија да се натерам да учествувам, ме исполн многу. И не она што лично го почувствував, туку енергијата и убавината на една жена... На сите жени со кои бев опкружена. Долетав „соло" на точак, ништо посебно дотерана, но заминав со насмевка на лицето и исполнета. Револуционерна визија, екстермно пријатен тим и реализација која ме натера да сакам уште вакви настани. Ви аплаудирам...

До следно видување!

 

Објавено:
10 мај 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.260 пати