Џоан Колинс - вистинска дама и на 85 години
•
21 декември 2018
Дури и во деветтата декада од животот, Џоан Колинс успева да го сврти вниманието кон себе. Неодамна беше дел од хуманитарен настан што се одржуваше во Лондон, поточно беше домаќин на истиот.
Таа се појави во црна елегантна комбинација. Колинс се одлучи за црно здолниште до колена, во комбинација со црна свилена маичка и црно долго палто со истакнати раменици.
Палтото е посебно впечатливо поради светкавите апликации на него, а Џоан комбинацијата ја заокружи со колор блок светкави чевли.
Инаку, актерката на настанот присуствуваше со својот сопруг Перси Гибсон (52).
Повеќе од седум декади е во јавниот живот, а нејзиниот сјај не се намалува, што го потврди и овој пат.