Хајди Клум од секогаш се гордеела со својата совршена фигура. И мора да признаеме дека екс супермоделот, која за неколку дена полни 50 години, изгледа беспрекорно.
Сите присутни вчеравечер на црвениот тепих во Кан уште еднаш посведочија на убавината на Хајди, овојпат во жолта тоалета, дело на Зухаир Мурад.
Клум присуствуваше на премиерата на францускиот филм The Pot-au-Feu во кој што се зборува за животот на наградуваниот готвач Пјер Гание. Во филмот се појавува и оскаровката Жулиет Бинош.
Фустанот со висок шлиц и стратешки изведените исечоци на горниот дел уште повеќе го нагласија извајаното тело на моделот.
Креацијата на Мурад вклучуваше и светкави детали на рамената, но она што најмногу падна во очи беше деколтето на Клум.
Фото: Facebook, Instagram