Дека стилот со годините само се подобрува, докажуваат и овие госпоѓи кои изгледаат како да излегле од некое модно списание.
Имено, станува збор за Инстаграм профил на еден фотограф кој себеси се нарекува Анџело, но никој не знае како изгледа и кој всушност е, бидејќи самиот ќе каже дека тоа воопшто и не е важно.
На неговиот профил @sciuraglam редовно ќе видите фотографии од стилски госпоѓи од Милано кои освојуваат со внимателно одбраните парчиња и позитивната енергија со која зрачат.
„Никој не знае кој сум јас, освен неколку жени кои редовно ги фотографирам и би сакал така и да остане. Не го отпочнав профилот за да станам познат, туку да им посветам внимание на жените“, изјави Анџело во едно интервју за Вог.
Денеска, благодарение на одличните фотографии и жените кои ги фотографира, тој има повеќе од 12.000 следбеници, а бројот секојдневно расте.
Растејќи како сиромашно дете на југот на Италија, тој отсекогаш им се восхитувал на богатите госпоѓи од Милано кои шетаат низ градот облечени во Гучи или Прада.
Како што самиот ќе каже, главната причина поради која го прави ова е ставот, самодовербата и држењето кое го имаат овие жени, а од кои тој е воодушевен.
Инфо и фото: Fashion.hr, Instagram/Sciuraglam