Изабела Роселини е пример за неверојатен талент и природна убавина, а тоа успешно го докажува и на стартот на осмата декада.
Актерката која се има појавено на насловната на италијанскиот Вог дури 38 пати, позираше уште еднаш без филтер, покажувајќи дека е горда на своите брчки.
За прв пат Роселини го разубави популарниот магазин на 27 годишна возраст, а сега на 71 година повторно ги восхити сите со нејзиниот безвременски лик.
Покрај актерството Изабела работеше и како модел, а беше партнерка на два еминенти режисери Мартин Скорсезе и Дејвид Линч.
Подоцна пронајде и уште една страст – етологијата и започна да раководи со органска фарма во Њујорк.
Роселини ја прикажува еволуцијата на концептот за убавина низ годините. Таа и самата се заблагодарува во интервјуто за октомврискиот Вог со зборовите "Thank you for allowing me to have wrinkles", додека зборува за нејзината љубов кон филмот.
Признава дека за прв пат се воодушевила од филмот кога ја гледала дизниевата анимација 101 Dalmatians, на своја девет годишна возраст.
За својата плодна кариера таа годинава ќе добие и врвно признание од страна на Римскиот филмски фестивал. За време на настанот ќе го презентира и нејзиниот последен филм "La chimera".
Ќерката на легендарната шведска актерка Ингрид Бергман важи и за модна икона, а признава дека мајка ѝ многу влијаела врз градењето на нејзиниот стил.
Денес Изабела е успешен режисер на филмови во кои главни улоги се животните.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram