Јубилеен роденден за Ел Мекферсон
•
28 март 2024
Да, Ел Мекферсон наполни 60 години. Оваа дама која се уште со право го носи епитетот The Body на прагот на седмата деценија изгледа извонредно.
Австралијанката која е родена на 29-ти март, во својата кариера имаше дури пет насловни страни на магазинот Sports Illustrated Swimsuit.
Ел покрај моделингот заплови и во водителството, а беше и продуцент на шоуто Next Top Model.
Таа е позната по тоа што многу внимава на исхраната и вели дека големото количество на вода е клучно за младешкиот изглед.
Мекферсон беше во брак со Жил Бенсимон од 1986 до 1989, а во 2013-та се омажи за Џефри Софер.
Ел е мајка на два сина Арпад и Аурелиус.
Среќна 60-ка!