Како изгледала Меј Маск на 20 години

11 јули 2023

Меј Маск е позната како мајка на милијардерот Илон Маск и модна икона со речиси 50 годишна кариера.

Иако е навлезена во осмата декада од животот Меј не планира да престане со својот моден ангажман.

За прв пат со моделинг започнува на 15 годишна возраст, а лани се појави и на насловната на Sports Illustrated Swimsuit.

Овој пат таа повторно ги изненади своите фанови на Instagram, објавувајќи црно бела фотографија од 1969-та, на која што позира во едноделен црно-бел костим за капење.

И денес како и тогаш, на свои 75 година е активна на модните писти, а истовремено има успешна кариера како автор и нутриционист.

Меј Маск е инспиративна жена за многу генерации, баба на дури 12 внучиња и дама со многу таленти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maye Musk (mayemusk)

Објавено:
11 јули 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.098 пати