Кејт Мидлтон е несомнено модна икона. Уште од првото нејзино појавување како војвотка од Велс па натаму, таа воодушевува со изборот на облека.
Покрај официјалниот стајлинг, кон којшто мора да се придржува, Кејт умее да изледа и како девојка од соседството и неретко се појавува и во кежуал варијанти.
Од она што можеме досега да забележиме, едно е сигурно - принцезата сака парчиња во впечатлива боја.
Смарагдно зелена, кралско сина, мистична виолетова, неон жолта, Кејт ја носела речиси секоја нијанса од палетата на бои.
Фустани, костуми, здолништа со блејзери, сите комбинации одлично ѝ прилегале на витката фигура.
Помеѓу нејзините омилени дизајнери е Александар Меквин, па често ја забележуваме и во негови креации, особено на црвениот тепих.
Префинетост и благородничка естетика е она што Кејт секогаш и секаде го презентира. Без разлика дали носи свечена тоалета или ја гледаме во џинс и сако, таа едноставно инспирира со својата појава.
А еве колку е прекрасна и во боја.
Фото: Pinterest