Кога ќе се спојат добрата енергија и изостреното сетило за мода: 58-годишна блогерка е нашата летна инспирација

21 јули 2023

58-годишната Американка, Мелиса Мајерс е креаторка на дигитални содржини каде особен фокус става на мода, убавина и здрав начин на живот.

И токму нејзината професија е во блиска релација со нејзиниот инспиративен имиџ кој што добива посебно внимание на Инстаграм, благодарение на нејзиниот пристап кон модата кој е ослободен од ограничувања и очекувања.

Токму затоа нејзиниот стил е инспиративен за жени од различни генерации, за кои слободата во стилскиот израз е битна, ако не и најважна.

Мелиса умее да спои едноставност со женственост, опуштен со елегантен изглед. Таа е реална и многу жени во нејзиниот стил може да се препознаат и идентификуваат.

Опуштени кроеви, но нагласена сензуалност. Минималистички пристап, но доволно храбра понекогаш да вметне и неочекувани принтови или кроеви.

Добро си ја познава својата фигура, па тоа ѝ го олеснува изборот на бои и силуети што ќе ѝ ги потенцираат атрибутите, што е исклучително важно за комплетниот впечаток.

Доза летна инспирација во продолжение.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @melissameyers)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@melissameyers)

Објавено:
21 јули 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.790 пати