Елегантно, префинето, суптилно, женствено, а сепак практично и удобно - еве вака накратко би можел да се опише стилот на Германката Петра Динерс.
На почетокот од шестата деценија од животот, вели таа е поактивна од кога и да е претходно. Мајка на син и успешен дизајнер на мебел за екстериери, конечно го живее сонот да ѝ се посвети на модата посериозно.
Блогот @lieblingsstil го има веќе неколку години, но во последните две доживува посебна експанзија.
Ја следат преку 250 илјади луѓе, а таа пласира секојдневни комбинации во кои веруваме ќе се пронајде секоја жена која негува сличен стил како нејзиниот.
Живее на релација Дизелдорф - Сен Тропе и блогерската приказна ја започнува со цел да ги инспирира пред се' жените во 40-тите години и оние повозрасните. Комбинира дизајнерски со подостапни парчиња и совршено умее да го носи тоа.
Омилени ѝ се комбинациите со џинс на кои посебно им ја додава таа женствена нота.
„Еднаш на аеродромот во Франкфурт, видов една Италијанка која ми го привлече вниманието. Носеше беж панталони, блуза во крем нијанса и златни балетанки. Оваа комбинација ќе се согласите и не е нешто посебно возбудлива. Но, таа носеше и виолетово палто и зелена Фенди чанта. Оваа комбинација е неверојатна и создава впечатлив изглед. Тоа ми го потврди мислењето дека секогаш се работи за вистинското комбинирање на парчињата, вистинскиот моден микс“, ќе напише на својот блог.
Меѓу нејзините фотографии ќе најдете и одлични деловни комбинации, но и елегантни, спортски - всушност комбинации кои можат да ви бидат инспирација за различни пригоди.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии, сигурни сме дека ќе ви го привлечат вниманието: