Оваа модна блогерка ќе ви покаже како се комбинира бохо и еклектичен стил

18 септември 2023

Модната блогерка со потекло од Шпанија, Лаура Егуизабал има интересен начин на облекување- кобинација од бохо и еклектичен стил.

Предимензионирани одела, бохо фустани, патики и каубојски чизми се само дел од стилските моменти на Лаура, а очилата за сонце ѝ се задолжителни.

Таа умешно спојува high street парчиња со креации од познати дизајнери. Автентична дама која навистина инспирира со невообичаените идеи.

Чизми или широки патики со летен шарен фустан во бохо стил е нешто во што можеме да ја видиме на Инстаграм.

Секој нејзин аутфит има посебна енергичност, а особено интересни ѝ се летните комбинации.

Објавено:
18 септември 2023
Категорија: 
Sweet 40+