Американската ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан го роди своето четврто дете.
За Кортни, 44 и музичарот Тревис Баркер, 47, ова е прво заедничко дете.
Според тамошните медиуми, Кортни е пресреќна што повторно е мајка, откако за малку ќе го изгубеше бебето пред неколку месеци.
Најстарата ќерка од кланот Кардашијан ги сподели вестите за бременоста за време на концерт на групата Blink-182 додека Тревис имаше настап.
Двојката стапи во брак минатиот мај, а церемонијата се одржа во Италија.
Кортни има веќе три деца со поранешниот сопруг Скот Дисик, Мајсон, 13, Пенелопе 11, Реин, 8.
Баркер е татко на три деца, Ландон, 20, Алабама, 17 а има и една посвоена ќерка Атиана де ла Хоја, 24.
Бебето на Кортни и Трeвис има необично име Rocky 13, а оваа традиција е честа во семејството Кардашијан.
Честитки за родителите.
Фото: Pinterest