Кога ќе споите тантела, нежни копчиња, долги ракави и везени детали, добивате безвременска креација што ќе посакате да ја носите во секој даден момент.
Токму во ваква креација обоена во нежна розова нијанса се појави кралицата Летиција заедно со нејзиното семејство на воената парада која се одржа викендов во Мадрид.
Летиција уште еднаш докажа зошто многумина ја нарекуваат икона на стилот, овојпат во нежно и елегантно издание.
Шармантната розова креација извезена со нежни детали и ремен на половината беше дело на познатиот шпански бренд Фелипе Варела, еден од омилените на кралицата.
Clara
Фустанот таа го комбинираше со високи потпетици во слична нијанса со потписот на Стив Мејден и нешто потемно розова мини чантичка од шпанскиот бренд Магрит.
Преслатки беа и нејзините ќерки Леонор и Софија кои за настанот со нивните родители одбраа сина и розова комбинација, додека кралот Фелипе како и секогаш изгледаше елегантно во костим соодветен за пригодата.
Инфо и фото: Cover.hr, leonorysofia, noblenow, soy_letizia