Кралицата Летиција отвори полемика: дали овој нејзин стајлинг е соодветен?

3 октомври 2019

Шпанската кралица Летиција, е препознатлива како дама со беспрекорен имиџ.

Нејзината совршено изострена естетска перцепција ѝ обезбеди место меѓу современите икони на стилот.
Но, едно нејзино службено појавување деновиве во мадритската општина, отвори полемика дали стајлингот што во таа прилика го носи кралицата, е соодветен?

Од моден аспект таа изгледа совршено. Но, дилемата е дали е исто толку совршен овој изглед и во службен контекст? Акцентот е на кожените црни хеланки, искомибинирани со предимензиониран бел елек.

Во протоколарните кругови овој нејзин изглед се коментра како премногу лежерен за таква службена посета.

Но, истовремено нејзината појава е ненаметлива, беспрекорно складна и сведена на елеганција, што ги фрла во сенка полемиките.

Објавено:
3 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
799 пати