Кралицата Летиција во едноставен, а ефективен деловен изглед

11 јуни 2020

Во друштвото на модерни кралици, една од стилски најбеспрекорните е шпанската кралица Летиција.
Неодамна, таа беше фотографирана на службен настан во Мадрид, каде вообичаено изгледаше шик, а соодветно на функцијата и пригодата, што секогаш е за пофалба.

Во овој случај 47-годишната кралица одбра комбинација од едноставни парчиња од „high street" етикети. Дводелен, бел комплет што го сочинуваат блејзер и панталони до глужд во широк крој, со потпис на шведската етикета H&M, а во комбинација со едноставна маичка на прерамки со точки, од Манго.

Едноставен, а ефективен изглед, што може да ви послужи и како идеја за деловен стајлинг.

Фото: Инстаграм - @royalstylewatch @europeroyals.daily

 

Објавено:
11 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
652 пати