Кроп топ во четвртата декада од животот? Зошто да не?

27 август 2022

Жената, без разлика на својата возраст, се соочува со безброј пишани и непишани (неретко, комплетно непотребни и нелогични) правила за тоа што е прифатливо, а што не е прифатливо да облече, зависно од пригодата, возраста, тежината, па дури и формата на незиното тело.

Жените во 40+ години од својот живот пак, чувствуваат уште поголем притисок да внимаваат на својот стилски избор, плашејќи се од критики и негативни коментари насочени кон начинот на кои се одлучуваат да го градат својот имиџ.

Во таа смисла, носење кроп топ во четвртата декада од животот претставува вистинска контроверзна тема за многу жени кои сметаат дека овој избор на топ е несоодветен и невкусен.

За среќа, модната сфера со текот на времето сепак станува сè полиберална и во блиска иднина, се чини дека едниствените правила за облекување кои секоја жена, без разлика на возраста, ќе треба да ги следи, се:

  • Да се чувствува удобно
  • Да се чувствува убаво
  • Да одбере комбинација соодветна со пригодата

Последниот пример на Анџелина Џоли е одличен доказ дека, се додека кро топот ја има соодветната должина и е правилно искобиниран со останатите парчиња облека, тој може да постигне совршено избалансиран лежерно/елегантен изглед.

Фото: Vogue

Џоли е позната по својот префинет вкус и љубов кон елегантните винтиџ парчиња кои траат, па затоа најчесто можеме да ја забележиме како носи класични парчиња дневна облека, кафтани и палта, кои секогаш ги комплетира со дизајнерски чанти и луксузни очила за сонце.

Неодамна таа отстапи од нејзиниот препознатлив имиџ и навидум му се врати на стајлингот од нејзините „Лара крофт денови", облекувајќи едноставен црн кроп топ со удобни широки панталони и рамни сандали. На едноставниот лежерен изглед, Џоли му додаде нишка луксуз со кожната чанта на Saint Laurent Icare.

Но, покрај Анџелина Џоли, постојат голем број на други познати жени од филмската и музичката индустрија кои го обожаваат кроп топот и изгледаат одлично во него, и покрај тоа што ја надминуваат 40-ката.

Ова се дел од нив:

Фото: hollywoodlife.com | Кејт Бекинсејл

Фото: hollywoodlife.com | Хајди Клум

Фото: hollywoodlife.com | Софиа Вергара

Фото: hollywoodlife.com | Тајра Бенкс

Фото: hollywoodlife.com | Ценифер Анистон

Фото: hollywoodlife.com | Цејда Пинкет Смит

Фото: hollywoodlife.com | Ценифер Лопез

Фото: hollywoodlife.com | Кејти Холмс

Фото: hollywoodlife.com | Пријанка Чопра

Фото: hollywoodlife.com | Ана Ферис Фото: hollywoodlife.com | Ана Ферис

Па, доколку се чувствувате подготвени да преземете смел чекор и да го вметнете кроп-топот назад во вашата гардероба и по 40-тата година од животот, ова се неколку примери кои совршено би се вклопиле во сечиј гардеробер.

Фото: Pinterest

Објавено:
27 август 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
742 пати