Во Њујорк вчера се одржа хуманитарниот настан во организација на „Robin Hood Foundation“, со цел да им се помогне на сиромашните њујорчани.
Меѓу присутните беа и Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета Џонс (48). Познатата двојка одамна не се појавила заедно на црвен килим, па со самото тоа беа уште поинтересни за светските медиуми.
Кетрин Зета Џонс одбра миди коктел фустан во црна боја. Карнерот во црно-бела комбинација во предниот дел од креацијата го прави повпечатлив и поинтересен, а го усогласи со блескавите обетки.
Од друга страна, Мајкл се појави во класично темно одело, бела кошула и темна вратоврска.
Инаку, двојката во ноември годинава ќе прослави 18 години брак, во кој ги добија и двете деца Карин Зета Даглас и Дилан Мајкл Даглас.
Актерот пред Кетрин, беше во брак со Диандра Лукер (во 1977) а со неа го има синот Камерон Даглас. Двојката се разведе во 1995 година.