Мода 40+: Своја и слободна - инспиративниот стил на мајката на Илон Маск

12 април 2022

Меј Маск, 73-годишната модна икона, бизнис жена, писателка, модел и мајка на иноваторот и технолошки генијалец Илон Маск, е дама кај која може да побарате инспирација од секој аспект.

Тоа што пребродила тешки животни околности и испливала како жена која сака и знае како да го живее животот, а патем негува и фантастичен стил, ја издвојува како лик што секогаш има што да каже и покаже.
Активна е и на социјалните мрежи што ги користи и како канал за комуникација со публиката, а особено Инстаграм каде редовно објавува моменти од нејзиното секојдневие што вклучуваат и инспиративни модни комбинации што може да ги применат како идеи жени од различни возрасни групи.

Нејзинот стил е прочистен и софистициран, но секогаш со нота на авангарден шмек доловен преку модните додатоци, изборот на ткаенини или принтови.

Забележливо е присуството на младешкиот дух кој таа одлично знае да го носи покрај елеганцијата која е основата на нејзиниот имиџ.

Во нејзиниот стил ќе пронајдат инспирација жените  независно од возраста, кои се смели во својот моден пристап, кои сакаат да привлечат внимание и да остават силен стилски печат.

Издвоивме неколку свежи, комбинации кои го потврдуваат нејзиниот статус на модна икона.

Објавено:
12 април 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.837 пати
Тагови: 
Меј Маск 40+