Модната икона Наоми Кемпбел наполни 54 години
•
21 мај 2024
Британката која испиша модна историја и го дефинираше поимот супермодел во 90-те наполни 54 години.
Неприкосновената кралица на модните писти Наоми Кемпбел изгледа неверојатно добро и се уште е избор број еден за многу кампањи на познатите модни куќи.
Времето за Наоми не може ништо, а таа тоа постојано го докажува. Нејзината плодна кариера меѓу другото и овозможи да ја добие и првата изложба посветена на супермодел во музејот Викторија и Алберт во Лондон.
Кемпбел беше и првата црна жена која се најде на насловна на Вог, во 1989 година.
Децении подоцна таа останува да биде муза на многу фотографи и модни дизајнери како и огромна инспирација за голем број дами.
Среќен 54 роденден Наоми Кемпбел.
Фото: Pinterest