Наоми Кемпбел позира топлес за последната кампања на Александар Ванг

9 ноември 2023

Послената кампања зад која што стои американскиот дизајнер Александар Ванг е навистина моќна.

Главна ѕвезда е Наоми Кемпбел, а каде и да се појави црниот пантер таму секогаш се крева прашина.

Несопирливата Наоми, 53, овој пат позира топлес, со метални боцки на нејзиното тело, што според Ванг само ја дополнуваат моќта што Кемпбел ја носи.

За потребите на Resort 2024 колекцијата, освен топлес супермоделот и целосно се соблече на една фотографија, оставајќи ги само боцките на себе.

Наоми не застанува, таа со еднаква енергија и посветеност ги работи сите кампањи како и пред 30 години, владее на модните писти и е голема инспирација за многумина.

Според Ванг токму нејзината динамичност, нејзиното постојано еволуирање и подготвеност за следниот чекор е она што беше потребно за кампањата.

Таа ја има способноста да се трансформира како вистински камелеон, а истовремено да остане доследна на себе.

Фото: Instagram

Објавено:
9 ноември 2023
Категорија: 
Sweet 40+