Кога Џенифер Лопез наполни 50 години, речиси и да не постои жена што не посака да изгледа така на нејзини години. Тајната на Џеј Ло и не е така тајна - секојдневно вежбање, здрава храна и кој знае какви третмани за нега на лице и тело.
Но, кога видовме како изгледа Вера Ванг на 70, сфативме дека тоа е сериозен предизвик :). Имено, точно е дека Азијатките се посебни кога е убавината во прашање, но и генетиката е во прашање.
View this post on Instagram
Нејзиниот младешки изглед во голема мера се должи и на тоа, но сепак, за еден месец таа ќе наполни 71 година, а изгледа како да има 30.
На својот Инстаграм профил неодамна објави фотографија од времето кога имала 29 години, за во деновите што следат да објави сегашни фотографии и да сфатите дека разликата е минимална.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Обожавателите постојано коментираат околу нејзиниот изглед, а дизајнерката често се впушта во разговор со нив.
Така, во еден откри дека тајната на нејзиниот изглед се состои во - „работа, доволно сон, коктел со водка и не премногу сонце“.
На прашањето пак на друг обожавтел: „Не, навистина, што пиеш за да изгледаш вака?“, дизајнерката ќе рече „Диетална Кока-кола, типично за њујоршки моден тип“. Но вистината е дека Ванг веќе со години не пие диетална Кока-кола, туку само вода... и ете по некој коктел со водка.
View this post on Instagram
За кока-колата ќе рече дека е најтешкото нешто од кое некогаш се откажала. Инаку, во интервју пред неколку години откри и дека постојано се храни здраво и дека нејзината исхрана во голема мера се базира на зеленчук и риба.
Исто така, обожава да игра голф, но и да вози велосипед, крева тегови, но не со преголеми тежини. Сето ова го практикува со години и резултатот е тој што го гледате од фотографиите.
View this post on Instagram
За потсетување, Ванг како многу млада, својата кариера ја започнува во магазинот „Вог“, потоа преоѓа да работи во модната куќа „Ралф Лорен“, за на 40-годишна возраст да основа свој бренд, кој го носи нејзиното име. Има две ќерки Сеслил и Жозефин.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram