Паулина Поризкова, која е по потекло од Чешка, во 80-те години важеше за еден од најпознатите модели. Нејзината убавина ги красеше насловните на многу престижни списанија како Вог, Гламур, Ел и Харперс Базар.
Таа беше и заштитно лице на брендот Есте Лаудер, предводеше кампањи за Шанел, Хермес, Диор, Оскар де ла Рента и други славни модни куќи. Паулина зад себе има и неколку филмски и телевизиски улоги, има напишано книги зад деца и млади, а денес работи и како колумнистка за престижни дневни весници како што е The Huffington Post.
За себе вели дека е феминистка, а во својата автобиографија No Filter, раскажува за тоа како е да се расте во светот на модата. Меѓу другото зборува и за нејзината голема љубов, со покојниот музичар Рик Окасек, која што за жал заврши многу лошо.
Паулина денес има 58 години, изгледа неверојатно и е дефиниција за зрел сексипил. Таа го отфрла митот за достоинствено стареење и во интервју за Вог Скандинавија вели дека тоа е неизбежно и ќе ни се случи на сите. Потенцира дека никогаш не се чувствувала помудро, потрпеливо и повесело...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram