Прекрасната шпанска актерка Пенелопе Круз уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека како минуваат, таа изгледа сѐ подобро.

На лондонската премиера на нејзиниот нов филм „Pain and Glory“ таа се појави во неверојатен фустан на Ралф и Русо во кој изгледа супер згодно како и секогаш.

Основата на фустанот беше неодоливо светкава, додека на ракавите и низ површината надолу беа распоредени пердуви во вид на карнери кои го правеа да изгледа уште поубаво.

Фустанот имаше совршена должина која е соодветна како за високи, така и за ниски дами, но актерката сепак го надополни со златни сандали на ултра висока потпетица.

Модните детали беа исто така во златна нијанса, додека нејзината фризура лежерна и слободно врзана во пунџа.

На црвениот килим друштво ѝ правеше шармантниот 58 годишен актер Антонио Бандерас кој за пригодата одбра џинс, бела маичка и темно сино палто.

Погледнете како изгледаа актерите и како помина премиерата на нивниот нов филм.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
9 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.548 пати