Некои луѓе им пркосат на стандардите кои што се поставени во светот на модата. Една од нив е Роса Саито која на 71 година им покажа на сите што значи да се биде модел.
Уште од најрана возраст оваа убавица почнала да се интересира за пеење, цртање и пишување и било јасно дека во неа лежи голема креативност.
Но, животот не бил баш најлесен за Роса. По долгогодишната грижа за својата неподвижна мајка, и самата се реализирала како родител на три деца, но морала да ја превземе и улогата на татко, откако го изгубила сопругот.
Додека го одела животниот лавиринт, се појавила можноста да работи како модел. Не прифатила веднаш, но сепак на крајот одлучила на 68 години да зачекори по тој пат.
И еве го резултатот на кој што можат многу модели да ѝ завидат
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Pinterest, Instagram