Сара Џесика Паркер модна икона со цветен фустан и различен пар чевли

18 април 2023

Откако се појави на екраните со хит серијата Сексот и градот Сара Џесика Паркер стана модна икона и инспирација за многу жени.

Актерката воодушевува со изгледот, а она по што најмногу е препознатлива се високите потпетици. Сара е едноставно Сара и што и да облече умее да го носи совршено.

Сепак мислењата на фановите беа поделени кога викендов актерката се појави со пар различни чевли.

Цветен фустан со бела основа и различни сандали со точки, една бела друга црна е стајлингот што Сара намерно го одбра за интервју во Vogue.

Инаку сандалите се дел од SJP колекцијата на чевли со потпис на Паркер и чинат 450 долари. Брендот има повеќе такви различни комбинации, а ги охрабрува купувачите самите да си создадат различен пар чевли.

SJP чевлите можат да се најдат на две локации во Њујорк, во хотелот Белаџио во Вегас и во неколку трговски центри во Дубаи.

Објавено:
18 април 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.456 пати