Шакира се појави со големо NO на ревијата на Viktor & Rolf

6 јули 2023

Неделата на висока мода во Париз е во полн ек. Вчерашниот ден го одбележа ревијата на дизајнерското дуо Viktor & Rolf кои ја претставија нивната колекција есен/зима 2023-2024.

Една од гостите беше и популарната Шакира , која што дефинитивно го привлече вниманието со својот стајлинг.

Пејачката носеше бела креација со златни детали, но најмногу се истакнуваше огромното NO на горниот дел од летниот капут.

Пред да седне во првиот ред веднаш до нејзината колешка Камила Кабејо, Шакира не ја испушти приликата да се фотографира со дизајнерите Виктор и Ролф и да позира пред камерите.

Таа претходно објави и видео на нејзиниот Инстаграм профил со порака дека "yes is overrated", односно дека ДА се користи премногу.

Во медиумите сè уште е актуелен нејзиниот приватен живот, односно разделбата со Пике, поради неговото неверство.

Така и ова големо НЕ беше интерпретирано токму како порака за фудбалерот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (shakira)

Фото:Instagram

Објавено:
6 јули 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
400 пати