Познатата акерка Шерон Стоун денеска го прославува 63 роденден. Чекорењето во седмата деценија од животот го прави со одлична енергија, ентузијазам и активност.
На својот Инстаграм профил се пофали дека нејзината прва книга ќе излезе наскоро, a носи наслов „The Beauty of Living Twice“, која е нејзина биографија. Но, од првите впечатоци што се споделуваат, се вели дека не се работи за типична холивудска приказна, туку дека актерката навистина била брутално искрена за нејзиниот живот, љубов, повторното застанување на нозе и втората шанса за живот.
View this post on Instagram
За потсетување, таа во 2001 година доживеа мозочен удар, кој успеа да го преживее, но заздравувањето беше долг процес - од учењето повторно да оди и зборува до нормално самостојно функционирање.
Во чест на оваа жена борец, ние одвоивме неколку нејзини изјави кои можат да бидат вистинска инспирација за жените и во кои многу дами можат да се препознаат.
View this post on Instagram
- Ми одговараат моите години. Јас сум од оние луѓе на кои им годи долгиот рок на траење. Во првата половина од животот имате лице со кое сте се родиле, а во втората половина добивате лице какво што сте заслужиле. Одлучив следните години од мојот живот да бидат најдобрите години од мојот живот.
View this post on Instagram
-Убавината ја гледаме на толку многу начини во природата - мора да покажеме волја да се паѓаме под влијание на комерцијализацијата на убавината, како единствена важна работа. Ми се допаѓата тоа што, особено во модата денес, можат да се видат жени од сите видови убавина. Треба да ја прифатиме убавината во сите форми.
View this post on Instagram
-Работите што се трудите да ги поттиснете, како вашите анти-социјални делови од личноста на пример, всушност може да се вашите најголеми таленти и дарба. Грешка е да се мешаме и да се обидуваме да бидеме како сите други, бидејќи нашиот талент или дарба нè прават поинакви од другите. Животот е како сложувалка и ако не се ослободите, раширите нема да бидете дел од местото во сложувалката кое ве чека вас.
View this post on Instagram
-Се вратив на корените на мојата личност и ја прегрнав личноста која бев претходно, пред да станам позната. Сметам дека Ајнштајн беше во право и прилично паметен во врска со времето - тоа е нешто што ние сме го измислиле за да се најдеме едни со други. Живееме во свет кој има повеќе од три димензии. Времето е двосмислена и ефемерна конструкција. Како што стареам сфаќам дека се враќам онаа Шерон која бев како млада, затоа што тоа е мојата вистинска личност
View this post on Instagram
-Имав моменти кога го гледав своето тело и плачев и плачев. Но, си реков себеси: Помири се дека старееш. Како сакаш да изгледаш? Постојат многу врвни пластични хирурзи кои со години се обидуваат да дојдат до моето лице. Не можам дури да набројам колку понуди сум добила во претходните 10 години. Денес сите девојки изгледаат исто, истите јаболчници, ист нос, усни, но тоа не сум јас.
View this post on Instagram
-Моите 40-ти беа прекрасни. Не можев да работам, бидејќи кога жените ќе наполнат 40, веќе не им даваат работа во Холивуд. Бев мајка на три прекрасни момчиња. Заздравував од тежок мозочен удар и бев постојано во суд, борејќи се за старателството на мојот најстар син. Но, сепак, постоеше нешто прекрасно во тој период и покрај сите тие предизвици. И покрај тоа што никој не сакаше да излезе на љубовен состанок со мене - никој не сака жена која има мали деца - беше тоа период на промени во кој се спознавав и научив да се разбирам самата, моите потреби. Тоа е период на мојата најголема промена, но и период во кој сметав дека сум најубава.
View this post on Instagram
-Луѓето се неверојатно груби. Мислат дека ако си убава, мора да си глупава, мора да си „плитка“. Ако си убава, мора да направат да се чувствуваш „мала“ и помалку вредна. Секоја личност има своја дарба. А ако убавината е една од нив, треба да ја прифати и да ужива во неа, како дар од природата. Ако некој е убав, тогаш оставете го да биде убав“.
View this post on Instagram
- Не верувам дека шминката и вистинската фризура се нештата кои можат да направат жена да биде убава. Жената која најмногу зрачи кога ќе влезе во собата е онаа која е полна со живот и искуство.
View this post on Instagram
-Жените можеби се во состојба да одглумат оргазам, но мажите се во состојба да одглумат цела врска.
View this post on Instagram
-Луѓето се плашат од промена. Се плашат дека ќе изгубат нешто. Не разбираат дека исто така ќе добијат нешто.
View this post on Instagram
-Не сакам да правам работи за да изгледам како девојка, затоа што и не сум веќе девојка. Среќна сум со тоа што сум возрасна жена.
View this post on Instagram
-Сакам да ми купат цвеќе и да ме однесат на вечера. Сакам кога мажот е џентлмен. Не сакам да ме третираат како да немам мозок. Сакам да бидам почитувана и да го почитувам тој спроти мене.
View this post on Instagram