Ако за некого треба да кажеме дека е дефиниција за безвременски супермодел тоа сигурно би била Синди Крафорд.
Супермоделот, 57, овој пат се најде на насловната на магазинот Flaunt за неговата 25 годишнина.
И како времето да застанало Синди сè уште изгледа неверојатно добро, со својот продорен поглед, бујна коса, неверојатно тело и она заводливо позирање на коешто никој не може да одолее.

За потребите на фотосесијата ја гледаме во здолниште со висок шлиц, сив oversized блејзер, фармерки со принт и бела кошула, како и волуменозна црна наметка.
Во интервју за магазинот вели дека успеала да "преживее" во светот на модата благодарение на тоа што превземала ризици и останала во чекор со времето.
Зад нејзината мега успешна кариера, покрај низата паметни одлуки, стои и одличната работна етика.
Од модните писти па сè до нејзините сопствени бизниси, Крафорд секогаш умеела да се редефинира себе си, а сепак да остане автентична на она што е.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram

