Среќна 48-ка Ева Лонгорија!

15 март 2023

Ева Лонгорија најмногу ја паметиме по нејзината улога во серијата Desperate Housewives. Но, пред да стане згодната Габриел Солис и да позира на црвениот тепих, Ева чекореше по поинакви патишта.

Актерката која денес полни 48 години, изгледа барем една декада помлада.

Викендов таа ни приреди вистинско модно шоу со својот изглед на Оскарите и на забавата организирана од Vanity Fair.

Прво ја видовме во прекрасно издание на Зухаир Мурад, макси фустан обвиткан со бисери и кристали, а потоа во црна тоалета со отворен грб.

Лонгорија е родена во Тексас на денешен ден и отсекогаш сонувала да влезе во светот на шоубизнисот.

За да заработи пари, работела во ресторан три години и учествувала на избори за убавина.
Во1998 успева да ја понесе титулата Miss Corpus Christi, а потоа следуваат ангажмани како фото модел.

Поради нејзината висина 155 см, не можела да биде манекенка, па затоа позирала само на фотографии.

Ева има диплома по кинезиологија, наука за движењата на човечкото тело. Во 2013 година таа дипломираше и на политички студии, со цел да си обезбеди план Б, ако не успее како актерка.

Нејзината прва улога е во мега популарната серија Beverly Hills 90210. Сепак благодарение на Desperate Housewives, Ева стекна светска слава, беше номирана за Teen Choice Award, People's Choice Awards, а освои и Златен Глобус во 2006.

Една година подоцна убавата актерка стапува во брак со кошаркарот Тони Паркер, но двојката се разведува во 2011.

Повторно наоѓа љубов, овој пат со ТВ продуцент Хосе Антонио Пепе, а двојката разменува завети во 2016 година во Мексико.

Парот добива дете во 2018-та, Сантијаго Енрике, а Ева за прв пат станува мајка на 43 години. Денес Лонгорија има и своја ѕвезда на патеката на славните, нешто што отсекогаш го посакувала.

Таа е амбасадор на францускиот бренд за козметика L'Oréal, а дизајнираше и облека за компанијата The Limited.

Во 2017 Ева се испроба и како моден дизајнер на своја линија, наречена The Eva Longoria Collection.

Во чест на роденденот го извојуваме најдоброто од неа.

Фото:Pinterest

Објавено:
15 март 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
428 пати